Често Поставувани Прашања

Содржина јазол изработен посебно, како на пример страната За Нас, Контакт и слично кој содржат текстови, видеа, галерии, ПДФ и др... една страна.
Што подразбира 1 содржина:
  • Текст (А4 формат, односно 1800 карактери = 1 содржина)
  • Производ (2 слики и текст А5 формат, односно 900 карактери) = 1 содржина
  • ПДФ документ (20 MB) = 1 содржина
  • Галерија (20 слики) = 1 содржина
  • Блок = 1 содржина
Доменот е идентитет на секоја веб-страна. Секоја страна приклучена на интернет се идентификува преку сопствен домен и наставка која прикажува од каде потекнува доменот (.mk и ,com.mk се наставки за Македонски домени) 
Домен е името на интернет страницата и претставува низа од карактери за идентификација што опфаќа поле на административна автономија, авторитет или контрола на Интернет, базирано на системот за именување на домени.
Хостинг е место на сервер каде што е поставена интернет страницата. Тој сервер нуди повеќе функционалности и е постојано прикачен на интернет, со што интернет страницата е 24 часа онлајн.
Што е Mobile Friendly Theme?
Mobile Friendly Theme е тема (Website Templates) која работи на сите оперативни системи наменети за уреди како што се: персонални компјутери, таблети и мобилни уреди.
Сите наши веб-страни се со теми кои се прилагодени и оптимизирани за мобилен преглед.
Доколку страната не е оптимизирана, односно не е мобилна (Mobile Friendly Theme), Google ја исклучува од системот за пребарување, со што Вашата страна нема да може да се пронаоѓа на мобилните уреди.

Право на регистрација на .mk домен имаат сите домашни и странски, физички и правни лица.

Право да регистрираат org.mk имаат непрофитни организации, здруженија на граѓани и фондации, политички партии, синдикати, јавни здравствени установи, фондови и друго, странски амбасади, непрофитни странски организаци на кои со меѓународен договор или согласно со закон им е допуштено да вршат непрофитна дејност.

Право да регистрираат edu.mk домен имаат образовни и научноистражувачки установи, странски образовни организаци кои имаат дозвола за вршење образовна и научноистражувачка дејност и сл.

Право да регистрираат gov.mk домен имаат органите на државната управа на Република Македонија, установи и други организаци утврдени со Уставот на Република Македонија и закон, како и јавни претпријатија и единици на локалната самоуправа и градот Скопје. Регистрацијата на .gov.mk се врши во МАРнет.

Право да регистрираат таков домен имаат трговски друштва, физички лица регистрирани за самостојно вршење дејност, лица со јавни овластувања, комори, задруги, финансиски организации, правни лица и физички лица регистрирани за вршење на стопанска дејност.

Право на регистрација на гореспоненатите домени имаат сите домашни и странски, физички и правни лица. Нов домен се регистрира со посредство на Макдомен.

Називот на доменот се состои од најмалку 1 до најмногу 63 знаци, првиот и последниот знак не може да биде знакот „-“(тире).